Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не е тој кој ја отворил „Пандорината кутија“ говорејќи за разграничувањето со Косово. Тој додаде дека кога е прогласена независноста на Косово, требало да се прогласи независност и за Република Српска (БиХ), како и да за својот став за поделбата на Косово говорел десетина години.
– Тоа јас го кажав и тоа е мое мислење. Тоа не е предлог на мојата партија, ниту на српската Влада.Тоа го кажувам детина години, јас поаѓав од практично решение. Ваквото решение е брзо можно, бидејќи нема преселба на народите- кажа Дачиќ гостувајќи на ТВ Прва.
Тој додаде дека за ова разговарал и со Добрица Ќосиќ, кој му кажал дека за ова зборувал и со Слободан Милошевиќ и со Зоран Ѓинѓиќ.
-Ѓинѓиќ говореше дека имаме две можности-конфедерација, а ако ништо не можеме, тогаш имаме поделба….-кажа Дачиќ.
Тој додаде дека за внатрешниот дијалог што го има отворено претседателот Александар Вучиќ, нема чуено ниеден друг предлог-
-Говорев за разграничувањето, но не употребив термин поделба. Не говорев ниту за кои територии станува збор. Прашајте го народот во северно Косово што мислат за ова. А Србите во енклавите во јужно Косово, каде тие припаѓаат? Според нашиот устав тие припаѓаат на српската покраина, а каде е сето тоа во реалниот живот?..Тој што живее во енклава, одамна престанал да мисли дека тоа е составен дел на Србија-изјави Дачиќ.
Тој посочи дека не гледа подготвеност на Приштина за компромис, истакнувајќи да и тие „имаат некои ограничувања и морање“,но додаде и дека не гледа подобро време за решавање на Косовското прашање и да во наредните неколку месеци ќе се интензивираат разговорите за пронаоѓање на трајно решение за статусот на Косово поради две причини-
-Првата причина е потребата да се дојде до компромис и да не се задржува оваа тема со децении, а втората е истекнувањето на мандатот на високата преставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини која ќе мора да оди на избори. Тоа значи дека ќе се интензивира непосредниот дијалог меѓу Белград и Приштина, но и да не постои решение без согласност на големите сили- изјави Дачиќ.
Кога се во прашање САД, тој посочи дека нивната позиција се изменила и дека се подготвени да слушаат за комромис и за креативно решение, додавјќи дека поминува со часови работејќи на тоа да одврати по некоја земја од признавањето на Косово.