Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан.
-Каков лицемер. Прво со оружје, по насилен пат и преку злосторства ги уриваше границите, а сега е за неменување на границите. Кои граници? Кога тоа постоеше граница меѓу Србија и Косово?, праша Дачиќ, коментирајќи го за ТАНЈУГ твитот Тачи, со кој тој го поздравува ставот на германската канцеларка Ангела Меркел за немеливост на границите на Западен Балкан.
Дачиќ додадед дека и тој е „за непроменливоста на границите преку насилен пат…Најпрво ги уништивте границите на Србија, а сега се сетивте дека нема повеќе промена на границите“.
Истакнувајќи дека Косово не е меѓународно призната држава, Дачиќ додаде дека „не му вреди на Тачи што ја повикува Меркел да изврши притисок врз пет земји членки на ЕУ, кои не го признале Косово”.
– Процесот на повлекување на признавањето ќе продолжи. Оној кој го признал Косово, нема право да зборува за непроменливоста на границите. Не сум изненаден што Тачи го прави тоа, зачудувачки е тоа што Ѓилас, Јеремиќ, Обрадовиќ, Чеда Јовановиќ и други се уште не испратија знаци на благодарност, бидејќи заклучија дека Меркел е против идејата на Вучиќ и со должна скромност и мојата идеја. Повиците за државен удар и омразата кон Вучиќ, ,забрзано преоѓаат кон омраза и на српските државни интереси – заклучи Дачиќ.