Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека не постои дијалог со Косово.
-Тие не зборуваат за дијалог, а дијалогот за нив е ние да го признаеме Косово. Нашата позиција е непроменета – да го признаеме Косово тоа е невозможна мисија- нагласи Дачиќ во изјава за РТС.
Тој рече дека состанокот кој го иницирале германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, бил обид да се откочи дијалогот помеѓу Белград и Приштина и повтори дека Србија бара укинување на таксите.