Грчката владејачка партија Нова демократија го исфрли од членство Јоанис Садецидис поради расистички изјави на социјалните мрежи. Тој напишал дека мигрантите треба да ги фрлат назад во Егејското Море.
– Јоанис Садецидис е исфрлен од членството на Нова демократија и укинати му се сите партиски привилегии – рекол секретарот на политичкиот комитет на Нова демократија, Јоргос Стерју.