Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата.
Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против.
Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање за Законот. Легислативата беше усвоена со помош на гласовите на владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција.
Конзервативната Нова демократија, главна опозициска партија, се спротивстави на оваа реформа.
– Ова е мал чекор од страна на Владата, која вети многу повеќе, а не го почитува, вели Григорис Валианатос, ветеран за хомосексуалната кауза во Грција.
Тој потсети дека и покрај дадените ветувања на Ципрас додека беше во опозиција, грчкиот премиер не предложил законски чекори за решавање на хомосексуални бракови или посвојување на деца од хомосексуални двојки.
– Има обичај да се каже дека грчкото општество е конзервативно, но, на крајот успеа да се покаже дека не е дотолку, вели активистот за правта на хомосексуалците, Лео Каловирнас.