Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва.
Во соопштението на Министерството се наведува дека на амбасадорот му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“.
Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на двајца други им забранија влез во Грција, под обвинение за обид за поткуп на официјални лица и за поттикнување протести против договорот со Македонија.