Грците ќе излезат на гласање во јули, откако претседателот на државата го одобри барањето за предвремени избори.
Премиерот Алексис Ципрас синоќа повика на гласање, само четири месеци пред крајот на неговиот мандат, а истиот беше прифатен од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Предвремените избори се очекува да се одржат на 7 јули.
Соопштението дојде само неколку недели откако партијата на Ципрас, Сириза, претрпе огромен пораз и на европските и на локалните избори.
Ципрас претходно вети национални избори на крајот од неговиот мандат во октомври, но по маргината од 9 отсто меѓу Сириза и конзервативната партија Нова демократија на изборите на ЕУ во мај, тој одлучи да дејствува порано.
Тој рече дека одлуката има за цел да спречи евентуална штета врз грчката економија предизвикана од неколкумесечна кампања.
– Тука сме денес, на почетокот на изборната кампања, и за првпат по десет години ја имаме привилегијата да разговараме за нашата сопствена програма за наредните четири години – Ципрас му рече Павлопулос во претседателската палата во Атина.
Ова е првпат по враќањето на демократијата во Грција во 1974 година,
националните избори да се одржат во јули, во екот на туристичката сезона.