Дел од палатата во Пела, во која бил роден и израснал Александар Велики, ќе биде обновен, откако проектот бил одобрен од Централниот археолошки совет на Грција, пишува „Катимерини“.
Делови од некогашните градби, вклучувајќи мозаик на кој се верува дека е претставен Александар Велики за време на лов на лавови, беа откриени во истражувањата извршени во изминатите неколку децении.