Командантот на грчката Национална противпожарна служба, Василеос Матајопулос прогласи највисок степен на опасност од шумски пожари во целата земја.
Оваа одлука ќе биде во сила во следниве три дена.
Мерката подразбира дека противпожарните, полициските и воените сили заеднички ќе патролираат на целата територија, додека сите други државни служби, како и локалните власти, исто така, ќе бидат во готовност.