Грција

Здравствената безбедност на туристите ќе биде приоритет оваа сезона за Грција, која од денеска ќе ги отвори аеродромите за странски туристи, изјави премиерот Киријакос Мицотакис за време на посетата на островот Санторини, популарна туристичка дестинација.

– Многу сум задоволен што сум во Санторини и можам да ја испратам пораката дека Грција е подготвена да ги пречека туристите ова лето, со тоа што ќе ги стави нивната безбедност и здравје на прво место – рече Мицотакис.

Грција го зголеми бројот на здравствени работници на своите острови. Во Грција ќе се тестираат сите патници што доаѓаат од аеродромите за кои се смета дека се високоризични и тие ќе бидат во карантин до 14 дена, во зависност од резултатите. Патниците што доаѓаат од сите други аеродроми ќе бидат тестирани според случаен примерок, пренесува Ројтерс.