Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.
– Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари во Атика – соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР им се заблагодаруваат и на Кипар, Израел, Шпанија и Европската комисија за понудената помош, но и на „сите пријатели и партнери кои изразија сочувство и солидарност со драмата на грчкиот народ“.
– Оваа брза понуда за помош покажува во пракса дека духот на вистинската соработка и солидарност, како и природните катастрофи не познаваат граници и надминуваат каков било спор – наведуваат од грчкото МНР.