Грција планира мигрантите кои илегално влегле на нејзината територија по 1 март да ги депортира во нивните матични земји, а до тогаш ќе бидат пренесени во северниот град Серес, изјави грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи.
Тој рече дека мигрантите кои влегле во земјата пред 1 јануари 2019 година ќе бидат префрлени на копното во наредните денови, пренесува „Ројтерс“.
Грција на 1 март објави дека нема да прима барања за азил во следниот месец, откако илјадници мигранти се упатија од Турција кон границата на земјата, обидувајќи се да преминат во Европската Унија.