Во невремето кое го зафати подрачјето на Копар во Словенија загина 71-годишен маж, пренесуваат словенските медиуми.
Како што пренесува порталот „24ур.ком“, во местото Бониних во општината Копар, гром усмрти 71-годишен маж. И покрај сите направени обиди човекот да биде вратен во живот, тој починал.
Од локалната полиција информирале дека ударот на громот бил видлив на телото на лицето, како и на дрво во близината.
Силното невреме со себе донесе обилни врнежи, силен ветер, како и над 8.000 громови во период од два часа.