Големиот шумски пожар во близината на селата Кери и Агалас, на грчкиот остров Закинтос, до вчера попладне сè уште беа надвор од контрола. Населението во две села и гостите во еден хотел беа евакуирани превентивно. Во гаснењето на пожарот учествуваат и авиони.
Куќите во селата засега не се во опасност затоа што голем број пожарникари го опколија селото за да ги заштитат населението и куќите, пренесува грчки „Катимерини“.
На пожарникарите од Закинтос им помагаат речиси 120 колеги со 45 возила од цела Грција. Пожарот во Закинтос избувнал завчера околу 11 часот.