Голем пожар избувна утрово на грчкиот остров Андрос кај селото Ремата, а локалните власти ги повикаа мештаните да се евакуираат, јавуваат локалните медиуми.
– Ги повикуваме жителите на селото Ремата да се евакуираат поради големиот проблем со пожар и чад што се прошириле во областа – се наведува во апелот на првиот човек Андрос.
Според тамошните медиуми, пожарот зафатил ниска вегетација, а 15 пожарникари со пет возила и два авиона учествуваат во борбата против пожарот.
Волонтерите исто така им помагаат на припадниците на противпожарната единица.
Локалните власти апелираа до локалното население да се евакуира.
– Ги повикуваме жителите на селото Ремата да се евакуираат поради големиот проблем со пожар и чад што се проширија на тој простор. Ги замолуваме сопствениците на возила кои паркираа во близина, веднаш да ги отстранат автомобилите од таму – се наведува во апелот на првиот човек Андрос Димитрис Локарис објавен на Фејсбук.
Противпожарната служба објави дека пожарот е во близина на селото, но засега не им се заканува на куќите. Како и да е, тие се одлучија на превентивна евакуација, како и да ги предупредат жителите на блиското село Арни.
Според грчките медиуми, силните ветрови ја отежнуваат борбата против големиот пожар.