Словенечкото Советувалиште за работници соопшти дека одредени словенечки фирми ги уценуваат странските работници.
Според Советувалиштето од работниците од странство најчесто се бара тие да ги надоместат трошоците за добивање на работна дозвола во случај ако го раскинат договорот за работа пред време.
Горан Лукиќ и Горан Зрниќ од Советувалиштето за работници именуваат две компании кои поставиле такви барања – градежната компанија „ЦПГ ВГ“ и фирмата „Силико“.
Според договорот со „ЦПГ ВГ“, работодавецот ги покрива трошоците за добивање на работната дозвола за работниците и трошоците за национална професионална квалификација. Ако работникот ја напушти работата за помалку од три години мора да плати 1.500 евра за тие трошоци.
Слично на тоа, „Силико“ склучува посебен договор со своите работници во кој се наведува дека компанијата плаќа 500 евра за добивање на работна виза, а ако работникот го напушти работното место, тогаш тој треба да ги надомести тие 500 евра и другите евентуални трошоци.
Словенечкиот Завод за вработување соопшти дека според договорот за вработување на босански државјани во Словенија, трошоците ги покриваат работодавачите, поради што договорите на „ЦПГ ВГ“ и на „Силико“ „се непримерни односно кршење на членот 9 од договорот“