Меѓународна воена вежба „јадрански удар“ ќе се одржи следната недела во Словенија, а во неа ќе учествуваат војници од 22 земји.
Вежбата на повеќе воени полигони и во воздушниот простор ќе започне во недела и ќе трае до 9 јуни, а во неа учествуваат околу 700 војници од 22 сојузнички држави, а меѓу нив и припадници на АРМ.
Во вежбата ќе учествуваат околу 350 словенечки војници и исто толку учесници од оружените сили на Албанија, Австрија, Белгија, Чешка, Црна Гора, Данска, Естонија, Франција, Хрватска, Италија, Канада, Летонија, Литванија, Унгарија, македонија, Германија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и САД, како и посматрачи од Јордан, Турција и Швајцарија.
Покрај припадниците ан копнената војска, во вежбата ќе учествува и 21 авион, 10 хеликоптери и две беспилотни летала.