Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не гледа причина за еуфорија, бидејќи верува дека оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност.
Српскиот претседател предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој.
Вучиќ е убеден дека таксите на српските производи нема да бидат укинати, а западните сили често ќе вршат притисок и ќе го уценуваат Белград со изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.