Важно е да се стане дел од Европската Унија, но уште поважно е да се преживее, а потоа и да се обезбеди сигурна иднина за нашите деца, без оглед на сите формални рамки во кои ќе се движиме – порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во авторскиот текст за белградскиот таблоид „Курир“, тој укажа на тоа дека проблемите на балканските простори не може да се решат без Европа.
– Ништо од тоа не ќе можеме сами, затоа ни се потребни пријатели – истакна Вучиќ