Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ понудил преку американскиот лобист и поранешен амбасадор во Германија, Ричард Гренел, да помогне во отстранувањето на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, пишува весникот „Вијести“.
Според весникот, Гренел на 1 декември имал средба со група републикански конгресмени во хотелот „Трамп“ во Вашингтон, на која присуствувал и српскиот амбасадор во САД, инаку долгогодишен соработник на Вучиќ, Марко Ѓуриќ.
На состанокот, Гренел, кој беше специјален пратеник за Косово и дијалогот Белград – Приштина за претседателот Трамп, го претставил Додик како главен елемент што го нарушува Балканот, додека за Вучиќ зборувал како за партнер и извор на стабилност. Притоа, Гренел рекол дека Вучиќ ќе биде подготвен да помогне во повлекувањето или смената на Додик, нудејќи го како алтернатива актуелниот претседател на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.