Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, верува во можноста за нормализација на односите со Приштина и потпишување на спогодбата за соработка во наредните шест до 12 месеци.
– Подготвени сме да разговараме за секое поединечно прашање и за секој предлог што ќе значи компромисно решение, но тоа да биде под услов на Србија да ѝ се понуди нешто за возврат – изјави Вучиќ за британски „Гардијан“.
Во Брисел се надеваат дека би можело да се постигне договор со кој Белград би ја признал независноста на Косово, без формална одлука за признавање, туку со отворање на патот на Косово за место во ОН. Вучиќ, како што се наведува во текстот на весникот, се залага за остварување на оваа надеж, но за возврат да добие пакет бенефиции за Србија. Весникот пренесува дека косовскиот претседател Хашим Тачи минатата недела изјави дека очекува сеопфатниот текст на спогодбата да биде постигнат годинава.