Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека тој никогаш нема да дозволи некој да ја понижи Србија со какво било решение за Косово.
„Никогаш нема да дозволам некој да ја понижи Србија и да го понижува нашиот народ“, рече Вучиќ во Блаце, во рамките на неговата кампања „Иднината на Србија“.
„Кога ни велат: ‘Немојте со Русите’, ние велиме: ‘Сакаме, во наш интерес е да бидеме со Русите’. Кога ни велат: ‘Немојте со Кина’, ние повторно велиме дека тоа е во наш интерес“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.