Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение.
Тој додаде дека мора да се бара решение и не е сум оптимист по тоа прашање.
– Сакаме договор со Албанците или сакаме продолжување на агонијата, праша Вучиќ, посочувајќи дека нема решение на повидок, „јас се молам тоа да биде за можеби пет до десет години“.
Вучиќ нагласи дека негова работа е да го менува угледот на Србија во светот, „да се менуваме самите, како рамката преку која се согледуваат работите на Балканот“.
Српскиот претседател, исто така, додаде дека „доколку бидат нападнати косовските Срби, тој нема да се двоуми да ги заштити“.