Српскиот претседател Александар Вучиќ укажа денеска по повод изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во Скопје дека територијалниот интегритет е појдовна точка за тоа дека Балканот треба да остане каков што е, дека е тешко да се одговори на прашањето – зошто за некои во регионот тоа важело во 2008, а денес не важи.
Тој го изјави тоа при посетата на браната Газивода.
– Знам дека многумина се израдуваа особено во централна Србија, моите политички противници и многу други, кои не разбираат кога се залагаат за такви идеи и против она што го зборувам, да се залагаат за цело Косово – објасни Вучиќ.
Тој додаде дека има само едно прашање до Ангела Меркел, а тоа како тоа важело во 2008 година, а денес не важи.
– Ако таа такво нешто каже, ние тоа сосема сигурно не можеме да го промениме, и ете радост за многумина во Србија и на многу места во регионот – изјави тој.