Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска го посети тенковскиот баталјон на Првата бригада на армијата во касарната во Сремска Митровица. Вучиќ присуствува на демонстрации на способностите на тенковските единици и на ракетните фрлачи од 128 мм, М77 „Огањ“.
Српскиот претседател на настанот изјави дека земјата сака да ја зачува воената неутралност, безбедноста, стабилноста и мирот, но нагласи дека одбрана е важна, доколку затреба, и најави дополнителни, како што рече, досега најголеми финансиски средства за одбранбената индустрија.
– Ние сакаме да ја зачуваме воената неутралност, да бидеме свои на своето и не влегувајќи во ничија трка, секогаш да можеме да гарантираме безбедност, стабилност и мир. Колку сте посилни, имате посилно превентивно дејство врз оној кој смета дека може да постигне некои политички цели преку воена агресија – рече Вучиќ.