Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград денеска околу 14 часот биле евакуирани, а по еден час повторно вратени на работните места поради лажна дојава за бомба.
Како што јавуваат српските медиуми, вработените веќе се враќаат во зградата на улицата „Таковска“, а полицијата го напушта теренот откако претходно направиле проверка со кучиња трагачи и констатирале дека дојавата за бомба е лажна.