Имињата на повеќе од двесте Срби од Ѓаковица се најдоа на списокот на обвинети за наводни воени злосторства против населението што се сторени во 1998 и 1999 годинана на територијата на оваа општина. Списокот е доставен до Специјалното обвинителство на Косово од граѓанското (албанско) здружение од Ѓаковица, кое има за цел застрашување на Србите и на Црногорците, за да се искорени последната српска врска во градот и општината, која е без српско население цели 19 години, објави „Политика“.
На оваа листа се наоѓаат многу поранешни видни граѓани од овој град, во кој некогаш живееле околу 12.000 Срби. Меѓи нив е Ѓокица Станојевиќ, поранешниот претседател на општината. Тој за „Спутник“ изјави дека списокот претставува модел за застрашување на повратниците од српската националност, како и обид за да се изедначат со злосторството со Албанците, за кои треба да одлучува Специјалниот суд за злосторствата на ОВК.
– Еулекс водеше постапки и беа реални. Со повлекувањето на Еулекс надлежностите беа префрлени на судовите во Косово и сега не се потребни ни конкретни докази за нивно процесирање. Едноставно, сега се прави хајка против сите, затоа што се сака да се прикаже дека е потребен специјален суд и за Србите. Сакаат да се изедначи злото што е правено на Космет. Ѓаковица е прва, а се очекува да се направи тоа и во другите општини што би правеле нови списоци со српски имиња. Сѐ е несериозно, но би требало некој да реагира. Не може да се помислува за враќање на Србите ако некој се наоѓа на потерници – вели Станојевиќ.
Зачудувачки е тоа што досега никој не реагирал од Приштина и од Белград за тоа што се случува во оваа општина.
– Загрозена е безбедноста на сите Срби на просторот на Ѓаковица. Втората причина е да ни се одземе имотот. Албанците ја уриваат улицата во која живееле 3.500 Срби. Албанците прават најголема грешка ако мислат дека на ваков начин ќе си обезбедат себеси светла иднина – вели Станојевиќ.