Во Црна Гора на крајот на минатата година 64 граѓани имале депозити во банките повисоки од еден милион евра, а најголемиот поединечен депозит изнесувал 63,3 милиони евра, соопштија од црногорската Централна банка. Бројот на милионерите во ЦГ е поголем за десет во однос на 2016 година, а износот на најголемиот депозит се зголемил за речиси 50 милиони евра.
Вкупниот износ на депозитите на поединци и на компании лани достигнал речиси три милијарди евра. Од нив, депозитите на граѓаните изнесуваат 1,7 милијарда евра, изјавија од Фондот за заштита на депозити. Во Хрватска, според податоците објавени за минатата година, има 22.000 милионери што на штедните книшки имаат 7,35 милијарди евра. Во Србија има околу 18.000 граѓани, додека во Босна и Херцеговина има 600 граѓани со штедни влогови од милион КМ.