Јавните институции во Словенија почнаа со преземање мерки на претпазливост за заштита на персоналот од инфекција со коронавирус кога беа потврдени првите случаи на вирус во нивното соседство – Италија, Австрија и Хрватска.
Некои училишта ги откажаа планираните активности, а гимназијата во Љубљана објави дека ги прекинува меѓународните размени со Италија и екскурзијата во Рим планирана за април, објави СТА.
Универзитетот во Љубљана ги повика своите студенти и професори што престојувале во делови од Италија погодени од коронавирусот во следните 10 дена да останат во домашен карантин две недели.
Министерството за образование издаде општи насоки до образовните институции повикувајќи ги наставниците и директорите да подготват планови за непредвидени состојби за да се обезбеди дека наставата може да продолжи без нарушувања.
На училиштата им е дадено дискреционо право да го проценат ризикот и соодветно да ги приспособат своите активности.
Половина од училиштата во земјата не работат оваа недела бидејќи учениците во источниот дел на Словенија имаат еднонеделен зимски распуст.