Во Црна Гора од 2017 година, од кога почна да се применува алтернативната кривична санкција куќен затвор, 266 лица ја издржа казната во домашни услови. Моментално 62 осудени лица чекаат да ја одлежат казната во својот дом.
Според информациите на Министерството за правда, во пет случаи има оштетување на т.н. наногавица, со сечење на ременот и на тој начин е оневозможено електронското следење на осуденикот. Потоа тие лица се упатени на издржување на казната во затвор, пренесува „Дневне новине“.
Во Црна Гора на располагање се 87 апарати за електронско следење и исто толку алки, но поради зголемување на бројот на пресудите со ваквата мерка, ќе бидат обезбедени дополнителни апарати.
Лицата што ја издржуваат овој вид казна најчесто се сторители на кривични дела, како и за насилничко однесување и нанесување лесни и тешки телесни повреди, загрозување на безбедноста во јавниот сообраќај, недозволено поседување оружје.