Грчката полиција денеска соопшти дека разбила криминална група што се занимавала со изработка и продажба на фалсификувани пасоши и други патни исправи на мигранти, јави ДПА.
Полициската акција била спроведена во атинското предградие Агиос Пантелејмон, каде се смесетени илјадници мигранти и кое важи за главен центар за илегален мигрантски транспорт кон Западна Европа.
Во полициското соопштение се наведува дека фалсификаторите ги продавале патните исправи за цена од 5.000 до 8.000 евра.
Во изминативе неколку месеци во Грција, но и во Германија, беа уапсени стотици мигранти кои поседувале фалсификувани патни документи.