Бугарија

Во Бугарија има регистрирано 150 верски заедници, многу од нив дејствуваат како секти, чии членови негуваат мистични ритуали, кои кај другите луѓе предизвикува несигурност и страв. Однесувањето на членовите на некои од овие религиозни групи, понекогаш се манифестира и преку насилство, а последниот карактеристичен случај беше кога 18-годишниот Иван Милев нападна медицинска сестра во болница, а подоцна се самоуби. Неговите роднини потоа објаснија дека неговото однесување се променило откако влегол во сектата.

Заради подобра безбедност на граѓаните, потребно е тие да ги следат сомнителните промени во однесувањето на блиските роднини и пријатели, за да може навреме да се превенира тоа, се советите од психологот Ина Антонов и од Ралица Костадинова, правничка и теолог.

– Како при секоја зависност, кај лицето прво настапуваат повлеченост, затворање, недостиг од споделување информации со блиските и општа недоверба кон заедницата. Се јавува драстичната промена во ставовите дека некоја виша сила ќе ги реши проблемите, чекајќи ја следната средба со оваа затворена заедница. Ова се работите што се забележуваат и кај прекумерен стрес – објасни Ина Антов во емисијата „Бугарија он ер“.

Ралица Костадинова посочува дека во Бугарија има повеќе од 150 верски заедници, а многу од нив имаат знаци на деструктивни секти.
– Иако тие се регистрирани според законски рамки, доколку некој наш близок сака да членува во нив, ние не треба да бидеме рамнодушни и сосема смирени. Има симптоми што треба да се знаат, да се следат и препознаваат. Секогаш тие се поврзани со религиозни симболи. Тие го користат копнежот на човекот кон бога – вели Костадинова.

Таа објасни дека е најважно, ако најдеме некакви симптоми, блиските од неговата околина да му дадат поддршка, за да ја почувствува близината дека и тој е дел од семејството, за да не се препушти тоа да го бара на други места.

Психологот Ина Антонова додаде дека е најважно да се знае дека сме господари на нашите животи и одлуките што ги донесуваме, а за проблемите да се бараат совети од блиските во семејството и во околината.