Босанското обвинителство денеска покрена обвиненија против двајца радикални екстремисти за заговор за терористички напад врз полиција.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека Максим Бозиќ (28), православен христијанин кој го прифатил исламот, познат како „Мохамед“, и Един Хастор (46), босански муслиман, се членови на ултраконзервативно салафитско движење.
Обвинителството ги обвинува дека им помогнале на неименувани луѓе да се стекнат со оружје и експлозиви. Бозиќ и Хастор, исто така, се осомничени дека учествувале во заговор за напад врз Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) и Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла.