Во полициска акција наречена „ДАР 1“ спроведена на подрачјето на кантонот Сараево, Зеничко-добојскиoт кантон и во источно Сараево, уапсени се 17 полицајци.
Ова го соопшти обвинителството од кантонот Сараево.
Според сараевскиот портал „Кликс“, ова е најголема акција во полициските редови, во повоениот период во БиХ.
– Се преземаат мерки и активности против 17 полицајци од Одделението за сообраќај при Министерството за внатрешни работи на КС, кои се осомничени дека извршиле повеќе од сто кривични дела во последните неколку месеци – се вели во соопштението.
Кривичните дела се однесуваат на злоупотреба на положбата и овластувањата.
Акцијата била спроведена по наредба на Општинскиот суд во Сараево, а извршени биле претреси на 17 локации.