Тројца луѓе се уапсени на пристаништето во Драч, во Албанија, поради обид за криумчарење на 26 килограми чоколадо со марихуана, пренесуваат албанските медиуми.
Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан дејли њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.
Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на обвинителството во Драч.