Бугарија

Секој бугарски државјанин до 40 години по свое барање може да служи во вооружените сили, во период до шест месеци, се предвидува во измените и дополнувањата на Законот за вооружените сили на Република Бугарија, објави БГНЕС.
Измените создаваат можност за доброволна служба во армијата. Ова ќе се направи со склучување договор, кој обезбедува плата, здравствено и социјално осигурување. Зголемувањето на бројот на бугарски граѓани со воена обука ќе ја подобри можноста за дополнување на вооружените сили.
Измените во Законот им овозможуваат на работодавците да го задржат својот персонал преку обезбедување неплатено отсуство на вработените и да им дозволат да ја завршат службата.
Другата важна промена е поврзана со Законот за воени инвалиди и воени жртви, во кој се додава категоријата „кадет“. Забележано е дека во текот на нивната обука, питомците може да се повредат или разболат, што може да доведе до состојба на попреченост, но поради недостиг од категоријата „кадет“ во Законот за воени инвалиди и воени жртви досега тие не спаѓаа во оваа категорија.