Двајцата влијателни бугарски научници, Ангел Голубов член на Бугарската академија на науките и уметностите (БАН) и Едислева Неш од катедрата за генетитка при Медицинскиот факултет во Софија, тврдат дека кај населението на Бугарија преовладува генот на Аспаруховите Бугари, односно на Протобугарите кои имаат турско етничко потекло.
Во емисијата Операција: Историја, споменатите научници тврдат дека Бугарите се генетски најблиску до народот кој со ханот Аспарух се населил во денешна Бугарија.
Бугарите или Протобугарите биле турски номадски народ што во седмиот век живеел во касписката степа и по течението на реката Волга. Еден дел од истражувачите веруваат дека потекнуваат од Централна Азија и во текот на миграција кон запад апсорбирале други племиња и култури, како што се финско-унгарските и хунските племиња.
Бугарите говореле на турски јазик, односно бугарски јазик од групата на огурските јазици. Старите Бугари ги зачувале воената организација и обичаите на азиската степа, како и турскиот шаманизам и верувањето во небесното турско божество Тенгри. Еден дел од нив во седмиот век се населува на територијата помеѓу реката Дунав и Стара Планина каде што ги поставува темелите на средновековната држава позната како Прво Бугарско Царство.
Старите Бугари слично како Аланите и Хуните им ги деформирале черепите на новороденчињата со ленен завој, со кој била затегнувана главата. Друга нивна карактеристика биле избричената глава и прамен коса како одлика на воините. Нивните владетели ја носеле титулата хан (кан), која е карактеристична за турските и монголските народи.
Познати се неколку имиња на нивните владетели, како што се Аспарух, Тервел, Токту, Крум, Омуртаг и др.