Пратеникот на Европскиот парламент и известувач за Србија Иво Вајгл оцени дека борбата против организираниот криминал е сериозно прашање за кое треба да се посвети посебно внимание во извештаите за напредокот на Србија во ЕУ.
Словенечкиот политичар, кој е член на Делагацијата за стабилизација и придружување на ЕУ и Србија, кажа за Радио слободна Европа дека Србија има остварено напредок во владеењето на правото, но на повеќе полиња таа се нема усогласено со стандардите и вредностите на ЕУ, меѓу кои се малцинствата и медиумите.
Иво Вајгл е првиот европски функционер кој го има отворено прашањето на големиот број жртви од мафијашките пресметки во Србија, кои се пропратени со исклучиво малиот број на решени случаи.
-Се работи на тоа да во Србија во последните пет-шест години имаше околу 80 случаи на типично мафијашки убиства, а само во шест случаеви некој да е приведен. Сите останати случаи исчезнаа низ правните лавиринти во Србија- изјави Вајгл.
Тој додаде дека постои сомнеж што одлагањето и немањето желба овие случаи да се истражат, имаат врска со вмешаноста на политиката, а можеби и на високорангираните политичари во бизнисите блиски на мафијата.
-Значи тоа е секако сериозно прашање и мислам да, кога ќе разговараме за извештаите за напредокот на Србија и на некои други земји на Западниот Балкан, мораме да се насочиме и на овој проблем – кажа Вајгл.
Како пример на проблем поврзан со владеењето на правото и неефикасноста на судството, Вајгл го наведе случајот „Савамала“.
-Значи, дека Србија мора поенергично да се посвети на своите обврски кога станува збор за истрагите за организираниот криминал, констатираше тој.
Европратеникот Иво Вајгл рече дека Србија не ги усогласила стандардите и вредностите на ЕУ во неколку области, пред се во однос на медиумите и малцинствата.
-Во дебата пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент реков дека имам чувство, бидејќи некогаш и самиот сум бил новинар и живеев во Белград, дека пред 30 години можеби имаше повеќе креативни и слободни медиуми отколку што е тоа денес во Србија, рече Вајгл.
Во однос на малцинствата, Вајгл наведе дека се гледа “очигледен напор на државата да ги контролира организациите на националните малцинства”.