Васил Стерјовски е еден од најактивните пратеници во законодавниот дом на Албанија. Тој е првиот пратеник во албанскиот Парламент во демократската Албанија, кој доаѓа од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец во Албанија.
Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.
Според него, италијанските, бугарските и француските документи од 1923 година, потврдуваат дека луѓето населени во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувале и изјаснувале за Македонци, иако во тој период немало македонска држава.