Можни се немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ, предупреди поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој во емисија на Франс 24.
Ромпој, коментирајќи го отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија(ЕК) да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија, рече дека станува збор за мир на Западен Балкан.
– Одамна се зборува за „замор“, но, знаете, станува збор за мир на Западен Балкан. Европската унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, на еден или друг начин, некои како членки, а други преку придружни договори, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји – рече Ван Ромпој.