Кинеската „Хуахуа медија“ потпиша договор за снимање на римејк на два воени балкански филмови, како дел од обидот да ги подобри дипломатските односи помеѓу Кина и државите кои имаат удел во нејзиниот проект за глобална инфраструктура „Појас и пат“. Проектот е дел од т.н. кинеска „мека дипломатија“ или „мека моќ“ (целта е остварување индиректно влијание – н.з.). за проширување на влијанието низ светот.
Ова компанија повторно го привлече вниманието на јавноста со неговата инвестиција во претстојната франшиза на филмот „Годзила: Кралот на чудовиштата“, пренесува „Вараети“.
Амбасадорите на Србија и на Босна и Херцеговина во Кина биле присутни при потпишувањето на договорот меѓу „Хуахуа медија“ и филмскиот центар на Сараево и српската продукциска компанија, за преснимување на два филма на српско-хрватски јазик. Првиот филм за кој станува збор е „Мост“ од 1969 година, каде што се работи за борбата против нацистите во Втората светска војна. Вториот филм кој ќе се преснима е „Валтер го брани Сараево“ од 1972 година на босанскиот режисер Хајрудин Крвавац.
– Преснимувањето на овие два филма не е само за да се оддаде почит на овие класици, туку исто така има цел да ја промовира длабоката културна размена помеѓу трите држави – пишува филмскиот веб-портал „Шоу“.