Екстремно десничарскиот кандидат за претседателските избори во Бугарија, Бојан Расате, е уапсен и обвинет за хулиганство и повредување член на ЛГБТ-заедницата за време на викендот во центарот на Софија, соопштија обвинителите.
Расате, како што пишуваат медиумите во регионот, е политичар познат по своите силни ставови против членовите на ЛГБТ-заедницата и бил приведен 72 часа по укинувањето на имунитетот. Тој се изјаснил за невин и одбил да даде изјава, соопштија обвинителите.
Група од десетина луѓе, предводена од Расате, упаднале во клуб во саботата доцна вечерта притоа предизвикувајќи тепачка и удирајќи едно лице, превртувајќи ги масите и столовите, пишуваат медиумите.
Водечките бугарски политички партии го осудија нападот, како и 11 западни амбасади во Софија, кои ги нарекоа нападите луди и го посетија клубот во знак на солидарност во понеделникот. На Расате, претходно осуден за нарушување на јавниот ред и мир за време на првата Парада на гордоста во 2008 година во Софија, му се заканува затворска казна до пет години.