Бугарија

Бугарија не постигнала значителен напредок во главните области што го загрижуваат Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), вклучувајќи ги и корупцијата на високо ниво, слободата на медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилството против жените, се наведува во извештајот на известувачот на ПССЕ, Микаел Аструп Јенсен, за исполнувањето на обврските на земјите под мониторинг, преземени со членството во Советот на Европа.
Во извештајот на ПССЕ повторно се најде положбата на македонското малцинство во Бугарија.
– Во однос на човековите права на малцинствата, комесарот на Советот на Европа за човекови права со загриженост во својот извештај за Бугарија за 2020 година забележа ендемска нетолеранција кон малцинските групи, особено Ромите, муслиманите, мигрантите и барателите на азил, луѓето што се изјаснуваат како етнички Македонци и ЛГБТИ-заедницата. Во извештајот се наведува наплив на непријателски акти против малцинства, вклучувајќи и злосторства од омраза и низа антиромски митинзи организирани низ Бугарија – нагласува Јенсен, пренесува МИА.