Братот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, чија организација според турските власти стои зад обидот за државен удар во 2016 година, беше осуден на затвор за членство во вооружена терористичка група, информираат судски извори.
Кутбетин Ѓулен, кој е во притвор од октомври 2016 година, ќе одлежи казна затвор од 10 години и шест месеци, одлучи судот во Измир.
Кутбетин Ѓулен ги отфрли сите обвиненија и побара да биде ослободен.
Фетуллах Ѓулен, кој живее во егзил во американската држава Пенсилванија, негира каква било поврзаност со обидот за пуч.