Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на чело на централно-десничарска партија ГЕРБ, според првичните иннформации е победник на вчерашните парламентарни избори. Од обработени 42.47 проценти од гласовите, ГЕРБ води со 24,15 осто, а зад нив со 19 осто е партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов што изненади многумина. Според избројаните гласови, следна засега е БСП со 14,88 отсто.
Борисов ги повика неговите противници да ги здружат силите, навестувајќи ја идејата за формирање влада.
– Јас ви нудам мир. Дозволете ни да назначиме експерти и до декември можеме да ја надминеме пандемијата и да одиме напред.Тоа е мојата понуда до сите вас. Дозволете ни да ги избереме најдобрите луѓе да ја завршат работата. Обединети сме силни“, рече тој – изјави Борисов синоќа.
Процесот на пребројување на гласовите се одвива бавно, поради ковид-протоколите.