Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“.
Тој ова го изјави по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа.
– САД се подготвени да им помогнат на двете страни да ја постигнат оваа историска цел, напиша Болтон на Твитер.
Косовскиот претседател исто така изрази оптимизам по средбата и му се заблагодари на Болтон за „целосната поддршка која Косово ја добива од оваа администрација“.
– Се согласивме дека во дијалогот има историска можност за двете страни која не треба да се пропушти, рече Тачи. Според косовскиот претседател, тоа ќе помогне во напорите на Косово да влезе во НАТО, ОН и ЕУ.