– Невкусно ми е да се жалам во момент кога на сите им е тешко. Има доволно нарциси од политичарите до естрадата, а од двете групи сме медиумски затрупани. Важно е да се каже како влијае на општеството, на нашето колективно јас, на нашиот дух и на нашиот идентитет! Како? Што сме ние без културата и театарот? Шопинг-моловите работат до девет, а кафеаните до единаесет часот. Но добро, корона е. Политички е коректно да се молчи и да се биде во некое трло. Дубровник игра, Риека игра претстави… За што се работи? Работат коцкарниците, вежбалниците и шминкерниците, клубовите, а театрите зјаат празни и затворени. Тоа е повеќе од јасно и само по себе говори за себе и пострашно од тоа што можам јас да го изговорам. Зошто театарот е отровен, а кафеаните и кафулињата не се? Освен што театрите се место на слободата и духот, а кафулињата се за нешто друго – изјави режисерот Јагош Марковиќ, прашан зошто културата ја плати најголемата цена од пандемијата со коронавирусот, затоа што за другите дејности се најде начин да се работи и заработува.
Панорама
Белград – Во Србија во 2020 година биле поднесени кривични пријави против 22 лица осомничени за трговија со луѓе, а како жртви биле 22 лица. Меѓу нив 15 се полнолетни и шест малолетни лица, а 12 жртви биле од женски пол. Најголемиот број од пријавите биле за сексуална експлоатација, информира Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи, по повод Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе. („Танјуг“)
Подгорица – Опозициските партии во Црна Гора се пред договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори на 30 август. Во новата предизборна коалиција ќе бидат Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија, Народното движење и Вистинска Црна Гора. („Вијести“)
Загреб – Хрватската народна банка ги објави податоците за најновиот надворешен долг на Хрватска, кој првпат во историјата надмина над 300 милијарди куни или 40 милијарди евра. Во април долгот на државата пораснал за повеќе од шест милијарди куни (803,4 милиони евра). Хрватскиот долг пораснал како последица на пандемијата на коронавирусот и затворањето на економијата, но и поради економските мерки на Владата за спасување на работните места. („Индекс“)