Германско обединување на Албанците!
– Не можам да кажам дека националното обединување се случува во ЕУ. Таму им се придружуваме на Данците, Австријците и на Шпанците. Овде мора да се случи нашиот сојуз. Косово и Албанија треба да се приближат, да се интегрираат во единствената идеја за федерација, како Германија, со децентрализирани институции. Би имале институт за историја во Призрен, универзитет на уметноста во Пеќ, факултет за рударство во Митровица, уставен суд во Скадар – Албин Курти, лидер на левичарската партија Самоопределување, кој по победата на последните избори во Косово изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина не се меѓу приоритетите во првите денови од неговиот иден премиерски мандат, а стопроцентните царини на српските производи ќе бидат укинати доколку биде воспоставен принципот на реципроцитет.