Едно лице загина, а 10 се заробени во шумските пожари што втор ден по ред беснеат во јужна Турција, соопшти министерот за земјоделство, Бекир Пакдемирли, додека операцијата за спасување и гаснење на пожарот продолжува.
Со високи температури и силен ветер, пожарот се прошири околу градот Манавгат, 75 километри источно од туристичката дестинација Анталија и соседните села.
Пакдемирли рече дека 82-годишен маж бил пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри североисточно од Манавгат, односо дека 10 лица останале заробени од пожарот во блиската брана Ојмапинар.
Кај нив биле испратени спасувачки екипи.
Властите евакуираа 18 села и области во Анталија, а 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде тој.
Телевизиските снимки покажуваат изгорени куќи и луѓе кои бегаат низ полињата, додека пожарникарите користат хеликоптери за гаснење на пожарот.