Авионот на египетската компанија Еџипт Ер кој ноќеска слета на белградскиот аеродром со дефект на тркалата, ќе биде отстранет од пистата, а аеродромот ќе биде отворен околу 11 часот.
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ затворен е утрово откако египетскиот авион остана на пистата поради технички проблеми.
Во инцидентот немаше повредени патници.